Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград : Досега сме немале никакви закани, полицијата да ги најде сторителите

Каменуван излогот на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград / Фото: БНТ

За Македонската телевизија членовите на македонскиот клуб во Благоевград кој беше мета на вандали велат дека четири месеци откако е отворен, немале закани ниту проблеми во работата. Се чувствуваат безбедно и чекаат надлежните да ги откријат сторителите.

„Штетата е направена со два големи камења на влезната врата и предното стакло на клубот. Јас дојдов да видам рано околу 6 часот и 30 минути и не влегов во клубот оти видов дека е каменуван. Потоа зедов некои важни документи. Клубот не е обезбеден од полицијата и во него може да се влезе. Без полицијата да го реши случајот и да најде кој е виновен, ние немаме средства да го поправиме и повторно да го отвориме“, вели за МТВ Јордан Грозданов, од Македонски културен клуб-Благоевград.

Членовите на македонскиот културен клуб сметаат дека е правилно што вчера не беа пуштени бугарски државјани да влезат во Македонија.

„Според мене е правилно од гледна точка што тие луѓе што не ги пуштија се неодговорни затоа што зборуваат невистини и без никаков обѕир. Така што, недозволувањето да влезат во Македонија е еден сигнал за тие луѓе да си направат ревизија на своето однесување“, смета Атанас Мазнев, од Македонски културен клуб-Благоевград.

Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот