Македонски инфлуенсерки без филтер: Ана и Кике докажаа дека убавината доаѓа во секаква форма

Не е нешто ново дека социјалните мрежи создаваат лажна верзија на нашите лица, филтрите на Инстаграм ни додаваат светлина, точки, уши од мачиња, што ти не… Некогаш сме повлечени од таа навидум „забава“ на украсување на сопственото лице и тело, до степен на непрепознатливост и губење на личното јас.

За да си ја славиме природната убавина, не ни требаат корекции и потврди од социјалните мрежи – убавината на секој од нас е во самите нас. Токму ваква приказна ни споделија две наши инфлуенсерки кои го разбудија интернет просторот со својата искрена исповед.

Овие две девојки направија нешто со кое отстапија од тие измислени, нереални и често депримирачки стандарди за достигнување некаква „вонземна“ убавина. Ана Стојанова, македонска фитнес инструкторка, и Христина Цветкоска, позната како Кике Цветче, Инстаграм инфлуенсерка, решија дека е поважно да се видиме себеси во вистинско светло, онакви какви што навистина сме.

Погледнете како овие девојки храбро ги споделија своите приказни околу својот реален изглед, борбата со туѓите мислења и пребродувањето на сите препреки за да се биде токму она што треба – вистинска, свесна жена за својата несовршеност.

Ана Стојанова/Инстаграм
Ана Стојанова / Фото: Инстаграм, Ана Стојанова

– Ми треба вашата поддршка повеќе од кога било. Секогаш самата јас си се ставам на последно место, ама не и овојпат. Јавно и со вас ќе минам низ овој процес на средување на лицето со помош на ласер. Чувствувам огромно олеснување. Да го следиме заедно овој процес, мојата трансформација ќе биде јавна, а јас ќе сум брутално искрено со мојата публика, вели Ана Стојанова на својот Инстаграм профил.

Инспирацијата за овој потег Ана ја добила од Кике Цветче и јавно ѝ се заблагодари.

Ана Стојанова / Скриншот, Инстаграм

Кике неодамна сподели фотографии од своето тело со сите „недостатоци“ и заблудата дека како жени во оваа околина и општество, научени сме стриите, лузните, сите „непосакувани“ делови од нашето тело да ги доживуваме како недостаток.

 Кике Цветче/Фото: Printscreen/Instagram
Кике Цветче / Фото: Скриншот, Инстаграм

– Без да бидам свесна за тоа, околината ме воспитала дека стриите се грди, само затоа што пасивно сум забележала дека е стигма која скоро сите се обидуваат да ја скријат…, раскажува Кике Цветче која драстично ослабна, но не се плашеше јавно да ги сподели своите фотографии, дело на Марјан Трајановски.

Само храбро, девојки!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот