Македонски дуел во најава за влез во групите на Лига Европа

фото: instagram.com/aberdeenfc

Се играат натпреварите од третото квалификациско коло во Лигата на Европа, а поблиску до пласман во плеј-офот во ова натпреварување е шведскиот Хакен на македонскиот интернационалец Филип Трпчевски.

Во првиот меч одигран во Литванија Хакен со 1:3 го совлада Жалгирис, за гостите Трпчевски влезе во игра во 77 минута при резултат 0:3.

Реваншот во Шведска ќе се игра на 17 август, а победникот од овој двомеч во плеј-офот на ЛЕ ќе игра против шкотскиот Абердин на нашиот репрезентативец Бојан Миовски.

Заврши уште еден меч во Лига Европа, азербејџанскиот Карабах дома со 2:1 триумфираше над финскиот ХЈК на нашиот голман Дејан Илиев.

Потсетување дека чуварот на мрежата поради повреда ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната во Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот