Македонската тенисерка Стоилковска со нова победа на фјучрсот во Куршумлијска Бања
Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска по вчерашниот триумф во сингл, денеска со победа ги почна мечевите и во конкуренција на двојки на фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија (награден фонд 15.000 долари).
Препорачано
Заедно со Романката Сабина Дадациу (која ја победи вчера во поединечна конкуренција) ги совладаа Јована Грујиќ (Србија) и Паула Михаела Оница (Романија) со 2:0 во сетови 6:1, 6:0 за 44 минути игра.
Во следното коло Стоилковска и Дадациу ќе играат против првите носителки Тамара Чуровиќ и Бојана Маринковиќ од Србија.
Ова значи дека Стоилковска утре најверојатно ќе има и двојна програма бидејќи во мечот од второто коло во сингл ја очекува и мечот со квалификантката од Словенија Манца Пислак (25 години, 685 место ВТА).
Свој настап во Куршумлијска Бања имаше и Горазд Србљак кој во првото коло го победи квалификантот од Австралија, Стефан Вујиќ со 6:4, 3:6 и 6:3 за два часа и 44 минути игра.
Следен противник на нашиот тенисер ќе му биде Алесандро Белифемине од Италија (22 години, 1334 место АТП) кој турнирот го почна во квалификациите, а во првото коло го елиминираше седмиот носител Габриел Донев од Бугарија со 2:1 во сетови.


