Македонската тенисерка Лина Ѓорческа поразена во финалето на фјучрсот во Рим
Денеска во финалето на ИТФ фјучрсот В75 во Рим, Италија, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Оксана Селехметева од Русија со резултат 2:0 во сетови.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Селехметева убедливо го доби првиот сет со 6:1, а во вториот кој беше решен во тај-брејк противничката на Ѓорческа беше подобра со 7:3.
За Ѓорческа ова беше второ финале во 2024 година, претходно во март играше во Ларнака, Кипар, а вкупно 35 во кариерата и има 13 титули.
Воедно ова е финале на турнир со најголем награден фонд на кој ќе игра – 75.000 долари, претходно имаше два настапи на турнири од категоријата В60 на кои Ѓорческа победуваше.
Во текот на фјучрсот македонската тенисерка до финалето имаше победи против Л. Кунг (Швајцарија), К. Дину (Романија), В. Лепченко (САД) и П. Марчинко (Хрватска).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


