Македонската тенисерка Ѓорческа обезбеди финале на турнирот во Оломуц

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка се наоѓа на една победа од освојувањето на турнирот во чешкиот град Оломуц.

Лина Ѓорческа денеска во полуфиналниот меч со резултат 2:1 во сетови ја совлада Русинката Дарја Астахова по два часа и 12 минути игра.

Првиот сет го освои Ѓорческа со 6:2, успеа да израмни Астахова освојувајќи го вториот сет со 6:3, а во решавачкиот трет сет Македонката беше подобра со 6:3.

Противничка на Ѓорческа во финалето в недела од 13.00 часот ќе биде Сара Бејлек од Чешка која со 2:0 (6:3, 6:2) ја елиминираше Сада Нахимана од Бурунди.

Бејлек е инаку рангирана на 181 место на ВТА листата, додека нашата тенисерка е моментно на 272 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот