Македонија со седум џудисти на Балканското првенство за помлади пионери

Македонската џудо репрезентација по медали во Пале, Босна и Херцеговина/фото: Џудо федерација на Македонија

Џудо репрезентацијата на Македонија пристигна во Пале, Босна и Херцеговина каде викендов ќе се одржи Балканското Првенство за Помлади Пионери.

Нашата земја ќе ја претставуваат Доријан Петкоски во категорија -26 кг, Немања Џагадуроски (-34 кг), Амар Бајрамоски (-38 кг).

Потоа, Томи Блажевски (-42 кг), Хамида Друштинац (-32 кг), Емилија Паскоска (-36 кг) и Стефани Мицкоска -(52 кг).

Селекцијата ја предводи спортскиот директор на Џудо федерацијата на Македонија Ѓорѓија Стојанов, додека официјален судија наш претставник е Томе Јосифоски.

Денеска е официјалната вага и жрепката по тежински категории, а в сабота и недела се борбите на Балканското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот