Македонија со две репрезентации на екипното Европско првенство во шах за деца и младинци

Македонските шахисти во Солун ќе настапи во четири категории/Фото: Шаховска Федерација на Македонија

Од 12 до 19 јули во Солун (Грција) ќе се одржува екипното Европско првенство за деца и младинци во шах во четири категории У12, Г12, У18, Г18.

Македонија ќе ја претставуваат две репрезентации, по една во категориите У12 у У18. Селектор на двете репрезентации е Орце Данчевски.

Составот на репрезентацијата до 12 години е:

1. Андреј Иванов – рејтинг 1515
2. Никола Петровски – рејтинг 1398
3. Александар Спасов – рејтинг 1337
4. Никола Јаневски – рејтинг 1337
5. Павел Крстевски – рејтинг 1121

Составот на репрезентацијата до 18 години е:

1. Емил Ристески – рејтинг 2405
2. Андреј Вељаноски – рејтинг 2162
3. Михаил Јорданов – рејтинг 2158
4. Антон Златков – рејтинг 2149
5. Теодор Јовановски – рејтинг 1944

Организаторот најавува дека сите партии ќе може да се следат во живо на следните линкови за категориите У12, Г12, У18 и Г18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот