Македонија со двајца боксери на турнирот во Загреб

Македонија ќе настапи со двајца боксери на сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гранд При“ кој започнува од утре, 8 октомври и ќе трае до сабота кога од 19 часот се предвидени финалните борби.

Арсим Етеми (до 81 кг) и Лео Јовановски (до 75 кг) се претставниците на Македонија на рингот во Загреб.

Во нашата делегација се уште и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски.

Според најавата на организаторот, на турнирот ќе настапат боксери од најмалку 10 земји, покрај домаќинот Хрватска, свои претставници ќе имаат и Македониија, Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот