Македонија против четирикратниот светски шампион во квалификациите за Мундијалот во Катар

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Покрај Германија и Македонија во групата Ј се уште и репрезентациите на Романија, Исланд, Ерменија.

Фудбалската репрезентација на Македонија за прв пат во својата историја ќе игра против една од најсилните репреезентации во светот на фудбалот, четирикратниот светски шампион Германија, во квалификации за Европско или светско првенство.

Денешната жрепка одлучи Македонија да биде во групата Ј во квалификациите за пласман на СП 2022 година во Катар заедно со уште носителот на групата, Германија како и Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн кои се противници по мерка за избраниците на селекторот Игор Ангеловски.

Првичните проценки се дека Македонија доби противници по мерка од вториот и третиот барабан во Романија и Исланд, односно успеа да избегне селекции како Полска, Русија, Велс, Швајцарија…

Во групата Ј се наоѓа и редовниот противник на Македонија во Лигата на Нации, селекцијата на Ерменија, додека аутдсајдер во групата е Лихтенштајн.

Стартот на квалификациите за СП во Катар ќе биде на 24. или 25. март идната година, а последното коло ќе се одигра во ноември. Директен пласман на Мундијалот во Катар ќе обезбедат првопласираните репрезентации од секоја група, додека второпласираните ќе играат бараж.

Група А: Португалија, Србија, Р. Ирска, Луксембург, Азербејџан.
Група Б: Шпанија, Шведска, Грција, Грузија, Косово.
Група Ц: Италија, Швајцарија, С. Ирска, Бугарија, Литванија.
Група Д: Франција, Украина, Финска, БиХ, Казахстан.
Група Е: Белгија, Велс, Чешка, Белорусија, Естонија.
Група Ф: Данска, Австрија, Шкотска, Израел, Ф. Острови, Молдавија.
Група Г: Холандија, Турција, Норвешка, Црна Гора, Летонија, Гибралтар.
Група Х: Хрватска, Словачка, Русија, Словенија, Кипар, Малта.
Група И: Англија, Полска, Унгарија, Албанија, Андора, Сан Марино.
Група Ј: Германија, Романија, Исланд, МАКЕДОНИЈА, Ерменија, Лихтенштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот