Фото: Гордана Сиљановска Давкова, фејсбук

Македонија може да смета на нашата поддршка, изјави Де Кро по средбата со Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, се сретна со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите биле македонските аспирации за членство во Европската Унија.

Белгискиот премиер Де Кро истакнал дека нашата држава може да смета на силна белгиска поддршка, затоа што според официјален Брисел, земјата направила огромен напредок и сега на ред е Европската Унија да стори нешто.

Фото: Гордана Сиљановска Давкова, фејсбук

Сиљановска Давкова, истакнувајќи ги добрите и пријателски односи меѓу двете држави, ја изразила потребата од интензивирање на комуникацијата на високо и на највисоко ниво.

Во контекст на пристапниот процес кон Европската Унија, претседателката ја посочила потребата од отворање на преговорите за членство, со цел мобилизација на институциите и фокус на реформите и стандардите, особено на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Сиљановска Давкова го нагласила очекувањето од македонска страна за фер процес на пристапување во ЕУ кој ќе ја почитува националната гордост на нашите граѓани и ќе се води на начин што длабоко не го вознемирува нивното чувство за национален идентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот