Македонија ќе го копира словачкиот систем за фаќање проневерувачи
Експертизата на Словачка во дигитализацијата на даночните процеси и сузбивањето на сивата економија ќе биде патоказ за македонските реформи во управувањето со јавните финансии.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ова е главниот заклучок од денешната официјална посета на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Братислава, каде што оствари работна средба со нејзиниот словачки колега Ладислав Каменицки.
Во фокусот на разговорите меѓу двете делегации беа модернизацијата на даночниот систем и воведувањето на современи дигитални алатки како е-фискализација и Кју-ар плаќања.
Димитриеска-Кочоска најави дека Македонија интензивно работи на системот за електронска фактура, при што неговата целосна имплементација се очекува до крајот на оваа година. Таа потенцираше дека технологијата е главното оружје за зголемување на ефикасноста и спречување на даночното затајување, посочувајќи го словачкиот модел како одличен пример.
Поднесена кривична против двајца стружани за затајување данок од над 5,6 милиони денари
Дополнително, на состанокот се разговараше за анализата на јавните трошоци (Spending Review). Овој процес, кој е суштински дел од Реформската агенда на државата за поефикасно трошење на народните пари, во Македонија официјално ќе стартува во текот на оваа, 2026 година.
Министерката се осврна и на макроекономската слика, информирајќи го словачкиот колега дека македонската економија во 2025 година забележала раст од 3,5 отсто, придвижен од инвестициите и приватниот сектор. И покрај глобалната неизвесност, Владата ги темели проекциите за економскиот раст во 2026 година токму на структурните реформи и подобрувањето на бизнис-климата.
Од своја страна, словачкиот министер Каменицки изрази целосна подготвеност да ѝ помогне на Македонија со нивното европско искуство.
Двете држави договорија продлабочување на соработката во наредниот период преку конкретна размена на експерти, што треба да го забрза економскиот развој и евроинтегративниот пат на Македонија.
Кривична пријава за даночно затајување, скопски бизнисмен со години не пријавувал и не плаќал даноци


