Македонија има европски шампион во Велнес-Фитнес за 2022 година

акиевска
Мери Акиевска докажува дека е светска класа на натпреварувач/Фото: facebook.com/bobangjoroski

Нов голем успех на македонскиот бодибилдинг и фитнес тим на големите натпреварувања..

Во Санта Сузана, Шпанија, на Европското првенство каде што титула освои Мери Акиевска.

Акиевска се закити со европска титула во категорија Велнес Фитнес до 163 цм.

– Мери Акиевска уште еднаш покажа и докажа дека е светска класа на натпреварувач. И покрај 24 часовните патешествија и неизвесност, успеа директно од авион на сцена да ја освои Европската титула. Честитки!!! – информира Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

– Мери стигна во Барцелона 15 минути пред да се качат девојките од нејзината категорија на сцена. Имавме време само да нанесеме боја и облечеме бикини! Шминка и накит стававме во одење, а пумпањето беше додека се качуваше по скали. Сепак, покажавме дека сме квалитет од Светска категорија! Европска титула во категорија Велнес Фитнес до 163 цм. Нема застанување. Одиме понатаму! – известува претседателот на федерацијата, Бобан Ѓороски.

Акиевска апсолутен победник на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот