Акиевска апсолутен победник на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес

Мери Акиевска триумфираше во својата категорија до 163 см кај јуниорите и сениорите/Фото: facebook.com/bbffm/

Од 3 до 8 ноември во Санта Сузана, Шпанија се одржува 75 Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори.

Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на Магнус Фитнес клубот од Скопје, предводени од Претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер.

На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи.

Во силна конкуренција, Акиевска постигна неверојатен успех, победувајки во својата категорија до 163 см висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајки ги шампионите од другите висински категории.

Другиот наш преставник Богдановски кој настапи во категоријата бодибилдинг јуниори над 75 кг не успеа да се пласира во финалето.

Петар Богдановски и Мери Акиевска ја претставуваа Македонија во Санта Сузана, Шпанија/Фото: facebook.com/bbffm/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот