Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Македонија е лидер во целиот регион – според бројот на договори за работа на определено време

Европската статистичка агенција (Евростат) објави податоци за уделот на договорите на определено време во вкупниот број договори за вработување во земјите од цела Европа во 2024 година.

Според овие податоци, Македонија има трета највисока стапка на договори за вработување на определено време во цела Европа, а во регионот на Западен Балкан сме апсолутни лидери во оваа неславна статистичка категорија.

Со истражувањето се опфатени сите работоспособни луѓе на возраст од 20 до 64 години во секоја земја, а вклучени се сите привремени вработувања на луѓе со договори на определено време или други договори со ограничено времетраење на договорот.

Статистиката покажува дека во 2024 година, 13,3 проценти од сите договори за вработување во Шпанија биле на определено време, 13,5 проценти во Португалија, додека Холандија е лидер во Европа со високи 18,9 проценти од договорите, кои се на определено време.

На Балканот, по Македонија, каде 15,6 проценти од сите договори за работа се на определено време, следуваат Србија со 15,2 проценти и Босна и Херцеговина со 9,6 проценти.

Од друга страна, европските земји со најмал број вакви договори се Латвија со 1,8 проценти, Романија со 1,5 проценти и Литванија – каде само 1,4 проценти од договорите за вработување се на определено време.

ВИДЕО | Почна големиот протест: Илјадници работници стигнаа пред Работничкиот дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот