Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Почна големиот протест: Илјадници работници стигнаа пред Работничкиот дом

Илјадници работници од сите градови од Македонија дојдоа пред Работничкиот дом за да го искажат своето незадоволство од растечките трошоци на животот и да побараат зголемување на минималната плата во државата, а со тоа и на сите плати.

Под мотото „28-ми јануари е денот кога работниците зборуваат!“ тие бараат зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и соодветен пораст на сите други плати за 6.000 денари.

Со транспаренти во рака: „Бараме пристојна плата“, „Зголемување на сите плати“… работниците го искажаа својот револт од досегашното однесување на стопанствениците и на Владата. Во позадина одекнуваа звуците на Лева патика: „Сакам БМВ Алпина, но немам ни за Дрина…”, „Буѓав лебац“, но и „Интернационалата“.

Работниците скандираа: „Лопови!“

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, им порача дека ова е нивна борба и со својата масовност покажуваат дека ова не е проблем
на поединци.

„Нема повеќе да се молиме, ќе се бориме. Од пред симболот, Работничкиот дом, одиме пред Собранието, кај газдите и пред Владата. Нека не бројат -многу сме!“, рече Трендафилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот