Македонија домаќин на квалификациски турнир за фудбалери до 17 години

Репрезентгацијата до 17 години ќе игра против врсниците од Франција, Исланд и Луксембург/фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 17 години во Скопје од 25 до 31 октомври ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во следната елитна фаза квалификации за Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023.

Квалификациските натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во комплексот „Куќа на фудбалот” и стадионот на Македонија Ѓ.П. Македонија се наоѓа во групата „9“, заедно со селекциите на Франција, Исланд и Луксембург. Првопласираните две репрезентации од групата ќе се пласираат во елитната фаза.

Сите мечеви ќе ги играме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 14.00 часот, во првото коло за противник ја имаме селекцијата на Исланд на 25 октомври. Потоа, силите ќе ги одмериме против апсолутниот фаворит во групата, Франција, а во последното трето коло, кое на програмата е на 31 октомври, противник ни е Луксембург.

Селекторот Вујадин Станојковиќ, за претстојниот квалификациски турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Натаниел Димовски (Пелистер), Амар Хаџибулиќ (Работнички).

Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Андреј Велков (Академија Пандев), Огнен Дејановски (Македонија Ѓ.П.), Никола Стојковски (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички), Фљакрон Мемиши (Шкендија).

Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Мухамед Елмас (Работнички), Алдин Али (Винтертур, Швајцарија), Даниел Коцев (Работнички), Дарко Сековски (Вардар), Никола Манојлов (Работнички), Максимилиан Димитриевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Димитар Данев (Работнички).

Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Аган Алиу (Шкупи), Стефан Младеновски (Црвена Звезда), Салим Арифи (Победа).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот