Македонец меѓу најдобрите 10 пингпонгари во Европа – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Македонец меѓу најдобрите 10 пингпонгари во Европа

Нашиот репрезентативец Лука Стојчев, член на ППК Шампин ФА, постигна забележителен пласман на меѓународниот европски пинг-понгарски камп во Унгарија за играчи родени од 2007 до 2010 година.

Во натпреварите кои се одржаа во рамките на пинг-понгарскиот камп, Лука го освои 9.место, во конкуренција на најсилните играчи од Европа.

Лука во групната фаза оствари пет победи и два порази, додека во групата за пласман од деветто до дванаесетто место беше најдобар.

На кампот во Унгарија учествуваа и Сара Стојановска и Александар Јакимовски, и двајцата од ППК Крива Паланка. Александар се пласира на 29. позиција, додека Сара го освои 18. место.

Екипата кадетски репрезентативци ја предводеше Сашко Богатинов, поранешен државен првак и истакнат пинг-понгарски работник, член на ППК Шампион ФА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close