Фото: илустрација Слободен печат / Методи Здравев

Македонец ја пробал измамата со лажниот лекар во Белград, ама таму го фатиле

Лажен лекар од Македонија е уапсен во Белград под сомнение дека, претставувајќи се како хирург, заедно со уште неколку засега непознати помагачи, измамил луѓе на кои им зел големи суми пари под лажната приказна дека итно треба да оперира член на нивното семејство, кој наводно е тешко повреден во сообраќајна несреќа, јавува „Блиц“.

Српските медиуми, повикувајќи се на полицијата и обвинителството, јавуваат дека станува збор за 42-годишен државјанин на Северна Македонија со иницијали А.К.

Според објавените информации, полицијата го уапсила веднаш по примопредавање на пари, а кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари (околу 1.200 евра). Случајот го водат припадници на криминалистичката полиција во Белград во соработка со Првото основно јавно обвинителство.

„Истрагата не се задржува само на еден случај. Се сомничи дека од ноември минатата година досега, на ист начин, осомничениот и лица по кои сè уште се трага извршиле повеќе измами на територијата на Белград и незаконски прибавиле повеќе од 100.000 евра“, велат од полицијата.

Со оваа измама, непознати и во најголем дел и натаму неоткриени измамници со години мамат македонски граѓани, на кои досега им однеле десетици илјади евра.

Измамникот-лажен лекар „растура“ во Битола, пензионери за два дена му дале 20.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот