Измамникот-лажен лекар „растура“ во Битола, пензионери за два дена му дале 20.000 евра
Во само два дена, засега непознат измамник, кој преку телефон лажно им се претставува на повозрасни луѓе како лекар, успеал да убеди двајца пензионери да му дадат речиси 20.000 евра, за кои ги лажел дека се за лекување на нивни блиски луѓе, соопшти МВР.
Препорачано
Првиот случај беше пријавен вчера и во него 83-годишен човек останал без 10.000 евра. Во денеска пријавената измама, настрадала 84-годишна жена, која му дала на измамникот 9.600 евра.
„На 25.02.2026 во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа му ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
ВИДЕО | „Безбеден гард“: Уште еден лош бокс-меч меѓу возачи на скопски булевар
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
37мин
-
39мин
-
40мин
-
55мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


