ВИДЕО | „Безбеден гард“: Уште еден лош бокс-меч меѓу возачи на скопски булевар
Уште една снимка од примитивно пресметување со сила меѓу нервозни возачи во скопскиот сообраќај се појави на социјалните мрежи. Според малкуте достапни информации, тепачката се случила вчеравечер на булевар во Скопје.
Препорачано
Видеото покажува како тепачите-аматери, пред „публиката“ од бројните други возачи, на сред улица се судираат во непобараниот и непријатен за гледање бокс-меч, ако така може да се нарече невештото мавтање и тегнење на овие двајца противници.
Освен еден нокдаун во кој се најде покрупниот и постар борец, за истакнување е само тоа што при крајот на снимката, во кадарот се појавува уште еден човек, веројатно член на тренерскиот тим на другиот боксер. Тоа што тој не се вмеша во тепачката е можеби единствената светла точка во целата ситуација.
Севкупниот јаден впечаток го надополнува музичкиот избор на возачот кој го снимил инцидентот (DJ Valca – Amor Mio), но музиката тука сепак е соодветна подлога за непотребниот уличен дуел на двајцата скопски урбани воини.
Ваквите тепачки, се чини, во последниов период зачестија во Скопје, но и насекаде во Македонија, а тие редовно се дел од билтените на МВР – полицијата наведува дека физичките пресметки се случуваат „по претходно недоразбирање во сообраќајот“. Пред две недели, двајца други тепачи се пресметуваа на мостот „Гоце Делчев“, на само стотина метри од зградата на Владата.
ВИДЕО: Возачи се впуштија во двобој со тупаници на сто метри од Владата


