Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Возачи се впуштија во двобој со тупаници на сто метри од Владата

Двајца возачи денеска во попладневниот скопски сообраќаен шпиц „го одбраа насилството“ и се пресметуваа со тупаници на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на главниот град.

Тие, како што објавија повеќе медиуми, претходно учествувале во мала сообраќајна незгода, но наместо да ја решат ситуацијата на цивилизиран начин, влегле во уличната пресметка со тупаници пред очите на десетици други возачи и минувачи. Ова се случувало на стотина метри од зградата на Владата.

На снимката од тепачката не е прикажано како завршил инцидентот и нема информации за тоа дали интервенирала полицијата. Видеото предизвика голем број негативни реакции и коментари со осуда на социјалните мрежи. Дел од граѓаните прашуваат дали „Безбеден град“ ќе ги покрива и ваквите ситуации, додека други повикуваат полицијата да ги најде и да ги казни возачите, а санкциите за секаков вид насилничко однесување да се зголемат.

Жена прегазена на улица во Карпош – возачот избегал, но полицијата го пронајде

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот