Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК)/ ФОТО: МИА
Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК)/ ФОТО: МИА

Маја Коневска избрана за генерален секретар на ДКСК

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска едногласно ја избра Маја Коневска за нов генерален секретар на Комисијата. Коневска во моментов е раководител на Секторот за стратешко планирање и интегритет во ДКСК.

Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, на седницата на која беше разгледан предлогот за избор, истакна дека именувањето на генерален секретар е неопходно поради тоа што со неговото назначување за претседател му престанале претходните надлежности поврзани со оваа функција.

Адем Чучуљ едногласно изгласан за нов претседател на ДКСК

Образложувајќи го предлогот, Чучуљ нагласи дека Коневска е дел од Секретаријатот на ДКСК од 2005 година и има 20-годишно континуирано работно искуство во институцијата.

Тој додаде дека нејзиниот долгогодишен ангажман значително придонел за развојот на ДКСК, особено во областа на меѓународната соработка, соработката со граѓанскиот сектор и подготовката на клучни стратешки документи, вклучувајќи државни програми и национални стратегии, изразувајќи уверување дека Коневска успешно ќе одговори на предизвиците на новата функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот