Мадона со синот направи журка во изолација: Вака звучат кога ќе ги здружат силите (ВИДЕО)

принтскрин

Славната музичка ѕвезда и како што многумина ја нарекуваат „кралицата на поп музиката“ – Мадона (61), слободното време во изолација за време на пандемијата на коронавирусот го користи за да се зближи со своите деца.

Поради тесниот распоред на концертите и честите настапи, пејачката ретко е дома, па токму затоа ја искористи оваа прилика за да помине повеќе време со својот син Дејвид Бандо (14).

Таа објави видео на кое нејзиниот син Дејвид свири гитара, а таа му дава ритам и пее.

– Таа магична конекција меѓу мајката и синот која не може да се објасни, напиша Мадона.

Да се потсетиме, Мадона има шест деца, две биолошки и четири посвоени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот