Мадона - Фото: Инстаграм/Мадона

Мадона подготвува „најголем спот во кариерата“: Во проектот се вклучени Кејт Мос, Бенедикт Камбербач и Гвендолин Кристи

Поп-иконата Мадона подготвува големо враќање на музичката сцена, а за новиот музички спот ангажирала вистинска ѕвездена екипа. Според странските медиуми, таа тајно ги вклучила супермоделката Кејт Мос и холивудските актери Бенедикт Камбербач и Гвендолин Кристи, пренесува „Дејли Меил“.

Спотот се снима во „Black Island Studios“ во Лондон и, според извори блиски до продукцијата, станува збор за најголемата и најамбициозна видео-продукција во кариерата на Мадона.

Во видеото ќе има драматични сцени, спектакуларна сообраќајна несреќа, рејв забава во магацин и статисти кои висат од таванот. Снимањето траело цела ноќ, од 16 часот попладне до 2 часот по полноќ, со екипа од стотици луѓе.

Музичкото видео е за првиот сингл од новиот албум на Мадона, „Confessions on a Dance Floor Part 2“, кој претставува продолжение и инспирација од нејзиниот легендарен албум „Confessions on a Dance Floor“ од 2005 година.

Според извори за британските медиуми, актерката Гвендолин Кристи била забележана на сетот, додека Кејт Мос и Бенедикт Камбербач пристигнувале тајно со автомобил за да се избегне внимание од јавноста. Нивните сцени биле снимени во целосна тајност.

„Мадона сакаше да се врати со голем удар во оваа нова ера. Спотот ги поместува границите со спектакуларни акциски сцени и изненадувања“, изјавил извор од продукцијата.

Мадона – Фото: Инстаграм/Мадона

Дел од сценографијата била изградена како луксузна вила со мермерни столбови, бар и салон украсен со уметнички дела, додека друг дел од снимањето се одвивал во индустриски магацин со атмосфера на рејв-забава.

Познато е дека Мадона има и специфични барања на снимањата, нејзината приколка била наместена на точно 28 степени, а за снимањето имала цела гардероба со креации од модната куќа „Долче и Габана“.

Паралелно со музичкиот проект, Мадона неодамна се појави и во новата кампања на модната куќа „Долче и Габана“, каде позираше во невестински изглед со чипкасти ракавици и превез, стил кој потсетува на нејзиниот култен спот за песната „Like a Virgin“ од 1984 година.

Пејачката веќе со децении е блиско поврзана со италијанскиот бренд, а неодамна беше и меѓу најголемите ѕвезди во првиот ред на нивното модно шоу за време на неделата на модата во Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот