Љубе Бошковски е позитивен на ковид-19: Деновите ги поминува во карантин во Челопек, прави зимница

Поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски е заразен со коронавирусот и деновите ги поминува во карантин во Челопек, тетовско, пренесува ммс.мк. 

Тој изјавил дека има лесни симптоми, но заради здравјето на неговите блиски ќе биде изолиран додека не добие негативен тест.

– Немам температира, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран, на блиските во Челопек, кои ми носат храна, им реков да ми купат пиперки и патлиџан, барем да направам зимница. Овие денови направив околу 40 тегли ајвар, вчера испеков пиперки за лутеница и до вечер ќе биде готова, вели Бошковски за ммс.мк.

Прочитајте и...  Ќе резултира ли спојувањето на институции со вишок административци?!

Поврзани вести

ВИДЕО: Драма меѓу две членки на НАТО во водите на Средоземното Море: Анкара протестира затоа што тимот на мисијата на ЕУ претресе турски брод на пат кон Либија

Илинка Иљоска

Велешките еколошки возила ги надминуваат границите

Слободен печат

ВИДЕО: На тајна венчавка се собрале 7.000 луѓе без маски

И.И.

Ахмети: Нема загриженост дека Меџити може да поднесе интерпелација против Груби и Османи

Слободен печат

Претседателот ја губи поддршката за правната битка

Срѓан Ивановиќ

ЕУ го повикува Бајден да ги нормализира односите меѓу Вашингтон и Брисел

Слободен печат

Остави Коментар