Лина Ѓорческа елиминирана во второто коло на турнирот во Сплит

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот В75 Сплит, Хрватска, во второто коло што се играше за награден фонд од 60.000 долари. Македонската тенисерка денеска загуби од петтата носителка Вероника Ерјавец од Словенија со 2:0 во сетови 6:2 и 6:1 за 54 минути игра. Ѓорческа за пласманот во оваа рунда ќе освои девет поени.

Ривалката на Ѓорческа имаше повеќе брејк шанси и од шест реализираше осум за триумф во денешниот меч, притоа имаше реализиација 1/1.

Во првиот сет Ѓорческа поведе со 1:0, но проотивничката имаше серија од четири гема (два брејка) за водство од 4:1 и сетот го заврши со 6:2.

Во вториот сет повторно водство за македонската тенисерка од 1:0, но повторно противничката имаше серија за да го добие сетот и со тоа и мечот.

Ѓорческа следниот настап ќе го има на ИТФ турнирот В75 Копер, Словенија, од 15 април, а од 8 април (понеделник) ја очекува настапот за македонската репрезентација на Били Џин Кинг купот во Вилнус, Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот