Ликот на Петар Пан во новиот филм на Дизни ги разочара сите: Некој сериозно го уништил најубавиот лик од нашето детство

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Објавен е трејлерот за новиот филм на Дизни „Chip ‘n Dale: Rescue Rangers“. Тој вклучува познати ликови од повеќе цртаните филмови, а меѓу сите нив најголемо внимание привлече ликот на Петар Пан, кој во новиот филм е прикажан како возрасна личност.

Петар Пан повеќе не е детето со слободниот дух што го паметиме. Неговиот лик во редизајнираниот „Chip ‘n Dale“, цртан филм од доцните 80-ти, е претставен како уморен, намќорест средовечен човек. Гласот на ваквиот лик на Петар Пан ќе му го позајми Вил Арнет.

Ликот на Петар Пан предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Многумина пишуваат дека не очекувале вечното момче да изгледа вака.

„Петар Пан пораснал во морничав старец. Ова е едноставно тажно“, „Ако ја знаете оригиналната приказна, ќе разберете зошто мислам дека ова е големо непочитување“, „Петар Пан требаше да остане момче засекогаш, Која е поентата на ова?“, „Ова е патетично“, „Некој сериозно го уништил најубавиот лик од нашето детство“ се само дел од коментарите на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот