Лига на нации: Англија се посрамоти пред своите навивачи, Германците пукнаа петарда против Италија

Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Последниот термин од јунските натпревари во Лигата на нации, донесе невиден пораз на селекцијата на Ангија и тоа на домашен терен, како и убедлив триумф на Германија во дуелот со актуелниот европски шампион.

Англичаните кои се дел од групата на смртта во дивизијата А од Лигата на Нации со Германија и Италина, за само десет дена доживеаја два порази од селекцијата на Унгарија. По минималниот пораз од 0:1 во Будимпешта, вечерва Англичаните доживеаја вистински дебакл на стадионот „Молиноу“ во Вулверхемтон губејќи со 0:4 од Унгарија.

Англиските фанови им се реваншираа на Унгарските за исвиркувањето на химната и вечера ги дочекаа противничките фудбалери со извици „расистички свињи“, стадионот го напуштија со наведнати глави бидејќи го доживеаја првиот пораз од Унгарија на домашен терен од 1953 година.

Победата на Унгарија ја најави Роланд Салаи во 16 минута, а дебаклот а Англичаните беше потврден во завршницата од натпреварот.

Салаи во 70 минута зголеми на 0:2, а потоа во листата на стрелци се запишаа и Наѓи и Газдаг за убедлив триумф од 0:4.

Селекцијата на Германија која во првите три натпревари одигра нерешено, вечера ја декласира Италија со 5:2.

Јошуа Кимих ја отвори гол серијата во 10 минута, а до крајот на првиот дел Илкај Гундоган зголеми на 2:0: Томас Милер во 51 минута зголеми на 3:0 по што на сцена стапи Тимо Вернер кој постигна два гола за убедливи 5:0. До крајот на средбата, „аѕурите“ успеја само да го ублажат поразот со головите на Гнонто и Бастони.

Холандија дојде до третата победа во четвртото коло во Лигата на нации откако до 3:2 славеше над Велс. „Лалињата“ по 23 минути игра имаа водство од 2:0 благодарение на Ланг и на Гакпо.
Велс успеа да крајот на првиот дел да дојде до израмнување со голоте на Џонсон и на Бејл од пенал, но триумфот на Холандија го обезбеди Мемфис Депај.

Белгија по втор пат во четири дена успеа да слави над Полска, овој пат само со минимални 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Мичу Батшуаи во 16 минута од натпреварот.

Резултати:
Дивизија А
Група 3
Англија – Унгарија 0:4
Германија – Италија 5:2
Група 4
Холандија – Велс 3:2
Полска – Белгија 0:1

Дивизија Б
Група 1
Ерменија – Шкотска 1:4
Украина – Република Ирска 1:1
Група 3
БиХ – Финска 3:2
Романија – Црна Гора 0:3

Дивизија Ц
Луксембург – Фарски Острови 2:2
Турција – Литванија 2:0
Дивизија Д
Молдавија – Андора 2:1
Лихтенштајн – Летонија 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот