Лига Европа: Адеми го чека Елмас, на Наполи му треба уште еден бод!
Денеска завршува групната фаза и во Лигата на Европа преку која ќе ги дознаеме официјално сите патници во 1/16 финалето.
Од Лигата на шампионите како третопласирани во своите групи, во нокаут-фазата на ЛЕ веќе се наоѓаат Манчестер јунајтед, Клуб Бриж, Шахтјор Доњецк, Ајакс, Краснодар, Салцбург, Динамо Киев и Олимпијакос.
Од групите во ЛЕ истото до сега го направија и Рома, Арсенал, Славија Прага, Баер Леверкузен, Ренџерс, Бенфика, Гранада, ПСВ Ајндховен, Лестер сити, Брага, Лил, Милан, Виљареал, Антверп, Тотенхем, Динамо Загреб на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, Хофенхајм и Црвена звезда.
? It's crunch time in the UEL!
Which teams will make the last 32? ?#UELFixtures | @UKEnterprise | #UEL
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) December 10, 2020
Останаа уште неколку дилеми, во групата „А“ за второто место се борат Јанг Бојс и Клуж (18.55 часот), само победа е опција за Романците кои имаат пет бода, два помалку од Швајцарците.
Потоа, во групата „Б“ Молде има девет бода, три повеќе од Рапид Виена. Норвешкиот претставник на гостински терен во директна пресметка за второто место ќе се сретне токму Австријците, а потсетување дека во нивниот прв меѓусебен дуел Молде триумфираше со 1:0.
За нас секако би било добро да имаме уште еден Македонец во елиминациските борби, највозбудливо е во групата „Ф“ каде Наполи на Елиф Елмас има 10 бодови, по осум имаат Реал Сосиедад и АЗ Алкмаар, а од претходно шансите ги загуби Риека на Дарко Велковски и Милан Ристовски на четвртата позиција со еден бод.
На „наполитанците“ им е потребен само уште еден бод до нокаут-фазата, на домашен терен од 18.55 часот ќе играат против Реал Сосиедад. Италијанците можат да ја остварат целта и со пораз, но само доколку холандскиот АЗ не триумфира во Хрватска.
Во групата „И“ Макаби Тел Авив е на второто место со осум бодови, пред Сиваспор кој има шест. Турската екипа нема друга опција освен победа на гостувањето во Израел. Во иста ситуација е и холандскиот Феенорд во групата „К“, во Австрија атакува на трите бода против Волфсбергер.