Лидерите на ЕУ денеска разговараат за фондот за опоравување
Општата оценка е дека пандемијата од Ковид 19 и мерките за затворање ја доведоа ЕУ во најтешка криза од нејзиното создавање.
Лидерите на 27 земји членки на ЕУ денеска на видеоконференциска врска разговараат за заедничкиот седумгодишен буџет и фондот за опоравување по пандемијата од Ковид – 19.
Препорачано
„На маса“ е предлогот од 1.100 милијарди евра за буџетскиот период од 2021 до 2027 година и 750 милијарди евра за инструментот за опоравување наречен „Нова генерација ЕУ“.
Разговорите ги повика претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со напомена дека зтанува збор за „клучен чекор во правец на договарање кој би требало да биде постигнат на следниот самит на лидерите организиран со физичко присуство.
Од Брисел велат дека претстојниот повеќегодишен буџет на ЕУ ќе биде „срце“ на планот за економското опоравување и дека одговорот на ЕУ мора да биде амбициозен и рамномерен со предизвиците во наредниот период.
Општата оценка е дека пандемијата од Ковид 19 и мерките за затворање ја доведоа ЕУ во најтешка криза од нејзиното создавање.
Предложениот план за економско опоравување ЕУ27 подразбира дополнителни средства од 750 милијарди евра кои би требало да се соберат со задолжување на ЕУ на светските пазари на капитал.
Предлогот на Комисијата е од вкупната сума 500 милијарди де бидат неповратна парична помош за најтешко погодените земји и региони во ЕУ.
Другите 250 милијарди би требало да бидат на располагање како заеми.


