Лепа Лукиќ со бомбастична изјава: Бјелогрлиќ лаже, љубовта меѓу Тома и Силвана е измислена!

Фото: Инстаграм/Фејсбук

Пејачката Лепа Лукиќ е една од истакнатите естрадни уметници која повеќе од 17 години била во група со музичките легенди Силвана Арменулиќ и Тома Здравковиќ.

Тие заедно настапувале, правеле вистински спектакли со својот талент за музика. По прикажувањето на филмот „Тома“, многу детали кои беа изнесени во текот на сцените го изнервирале Радмило Арменулиќ, сопругот на Силвана, бидејќи, како што тврди тој, режисерот Драган Бјелогрлиќ ја измислил нејзината љубов со Тома Здравковиќ.

Пејачката Лепа Лукиќ се согласила со Радмило во врска прашањето за љубовта помеѓу Силвана и Тома, па за порталот „Република.рс“ открила дали Здравковиќ некогаш ѝ се доверил за тајните што го болеле.

– Така е, љубовта е измислена! Ние од естрадата не знаевме за таа љубов, а за тоа само Бјелогрлиќ знаел? Не беа во љубов, Тома и мене ми понуди песна, сакав да ја земам песната, но Силвана доби покана да ја отпее за во серија и тогаш му рече на Тома да ѝ ја даде песната, затоа што тоа би било добро за неа. Тој ми рече дека Силвана тоа го барала, тој ѝ ја дал нејзе и потоа со таа песна стана Силвана Арменулиќ. А, за љубов меѓу нив, тоа не е вистина! Тоа би го знаеле ние на естрадата, тоа никој не го знае, па како тогаш можела да се случи љубов, а ние тоа не сме го знаеле, а заедно патувавме – рекла Лепа.

На констатацијата дека Гоца Здравковиќ му помагала на Бјелогрлиќ, Лепа рекла:

„Не знам што тие зборувале, но не е важно, тоа е филм, може да се додаде. Единствено ако тие двајца знаеле дека постоела љубов, а ние на естрадата не сме го знаеле тоа, па можеби тоа го ставиле во филмот, затоа што така треба. Ниту мојата песна „Виолина“ ја немаше во времето кога Тома беше жив. Бјелогрлиќ е свесен дека песната тогаш не беше, но ми кажа дека ја сакал мојата песна и дека затоа ја ставил“, рекла пејачката.

Која е Силвана Арменулиќ, љубовта на Здравковиќ во филмот „Тома“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот