Ленс Армстронг: Почнав да се допингувам на 21 година

EPA/OLIVIER HOSLET

Најголемиот измамник во спортот, американскиот велосипедист кој сите седум победи на Тур де Франс ги оствари допингуван доби, документарен филм.

Откако ЕСПН телевизијата направи вистински погодок со „Последниот танц“, документарен филм во десет епизоди посветени на Мајкл Џордан и шампионската генерација на Чикаго булс, експресно направи нови проекти.

Еден од нив е документарниот филм посветен на поранешниот американски велосипедист, Ленс Армстронг, кој доби доживотна суспензија поради допинг.
Во него Армстронг признава дека почнал да се допингува со само 21 година и смета дека ЕПО (еритропоетин) не е лош иако е на листата на забранети супстанци и исто така ветува дека ракот на тестисите од кој се излечи е поврзан со хормонот на раст.

Почетокот на филмот „Ленс“ започнува со зборовите „Нема да лажам, ќе ја кажам мојата вистина“.

EPA/PETER FOLEY

Армстронг во документарниот филм кој трае три часа и 20 минути, зборува дека започнал да се допингува во 1992 година, а не во 1996 година како што кажа во шоуто на Опра Винфри пред седум години кога конечно призна дека користел недозволени средства.

„Имав 21 година, тоа беше во мојата прва сезона како професионалец. Дали примавме инјекции со витамини и останати препарати? Да, но тоа не беше илегално и секогаш прашував што ми даваат. Секогаш знаев што има во тие инјекции и сам ги носев одлуките. Никој никогаш не ми кажа: Не поставувај прашања, само земи. Никогаш не би прифатил такво, постојано се информирав“, открива Армстронг кој седум години по ред победуваше на најпозната велосипедска трка Тур де Франс (1999-2005).

Сите триумфи му беа одземени во 2012 година кога доби доживотна суспензија од страна на Американската антидопинг агенција (УСАДА).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот