Лекот „Ремдесивир“ што лекува Корона не се продава во аптека

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Лекот „Ремдесивир“ за лекување на вирусот ковид-19 го има и во Македонија, но не е за широка употреба, туку се употребува само за болничко лекување. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Ремдесивир – од шкарт до лек за Ковид-19

Ние го имаме лекот Ремдесивир, го имаме и лекот Фавипиравир. Со помош на кредит од Светска банка, кога ќе помине законот во Собрание ќе се купи дополнителна количина за целата следна 2021 година. Но, ова не се лекови кои што се даваат надвор од болница. Мора да имаме во предвид дека овој тип на терапија се дава во болнички услови, дека е лек што се дава по строга индикација на една од формите на болеста што може да се манифестира, рече Филипче одговарајќи на  прашањето од Слободен печат на денешната прес-конференција.

Граѓаните досега незнаејќи го овој факт, под дрво и под камен го бараа лекот Фавира, со кој се лекуваше претседателот на САД, Доналд Трамп. Подготвени се дури истиот илегално да го увезат од Косово и за него да платат сума од 500 евра бидејќи беше потврдено дека антивирусниот медикамент „Ремдесивир” помага за побрзо заздравување на пациентите, додека ниту еден лек досега не се покажа како ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус.

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

Европската комисија денеска соопшти дека склучен е договор со фармацевтската компанија „Гилад” за купување на 500.000 дози од лекот „Ремдесивир” за болеста Ковид-19. Договорот за заедничко купување на лекот го потпишаа 36 држави,меѓу кои и сите 27 земји-членки на Европска Унија.

ЕУ купува половина милион дози од лекот „Ремдесивир”

ЕК во јули го одобри „Ремдесивир” за лекување на Ковид-19.

ЕК го одобри користењето на ремдесивир во третманот на тешки случаи на коронавирус во ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот