ЕК го одобри користењето на ремдесивир во третманот на тешки случаи на коронавирус во ЕУ

Европската комисија соопшти денеска дека го одобрила користењето на лекот ремдесивир во третманот на тешки случаи на Ковид-19 во ЕУ, јави ДПА

-Ние нема да оставиме еден камен непоместен во нашите напори да обезбедиме ефикасни третмани или вакцина против коронавирусот, изјави Стела Киријакидес, еврокомесарката за здравство.

Одобрувањето на извршната рамка на ЕУ, издадено во петокот, според германската агенција, е последниот чекор на лекот да му се даде зелено светло за употреба.

Ремдесивир е првиот лек што се здоби со вакво одобрение за употреба во ЕУ.

Ремдесивир, произведен од американската биотехничка компанија „Гилеад”, првично бил развиен за третман на заболени со ебола, но имал мал ефект.

Меѓународната студија на крајот на април со над 1.000 учесници покажа дека ремдесивирот може да го намали времето потребно за заздравување на пациентите со Ковид-19 во просек од 15 на 11 дена, пренесе ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот