Илустративна фотографија за пар / Фото: beyond/beyond, Micheko Productions, Inh. Michele Vitucci / Alamy / Profimedia

Лекарка објасни што се случува со вашето здравје кога ќе престанете да имате сексуални односи

Доктор Али Новицки објаснила што се случува со телото и умот кога една личност подолго се воздржува од сексуални односи. Периодите без секс се дел од животот на многу луѓе, без разлика дали станува збор за свесна одлука или за сплет на околности. Иако таквата фаза може да биде фрустрирачка за оние што активно бараат партнер, таа носи и одредени физички и психички последици, пишува „ЛАДбајбл“.

Промени во нивото на хормоните

Д-р Али Новицки, гинеколог и акушерка којашто ја основала организацијата „Вежбање интимност“ за помош на паровите во јакнењето на интимноста, објаснила како апстиненцијата влијае на поединците.

– Промена на хормоните
– Намален животен век
– Вагинална болка
– Лошо расположение

„Апстиненцијата од сексуална активност може да има различни ефекти врз поединците, и физички и емоционално. Еден од најдиректните ефекти може да биде промена на нивото на хормоните. Познато е дека редовната сексуална активност го стимулира лачењето на одредени хормони, како што се окситоцинот и ендорфините, кои се поврзани со чувството на среќа и намалување на стресот. Затоа, апстиненцијата од секс може да доведе до намалени нивоа на овие хормони“, објаснила д-р Новицки за британски „Телеграф“.

Влијание врз физичкото здравје

Покрај промените во расположението, недостатокот на сексуални односи може да има и други последици. Кај жените, на пример, може да се појави вагинална болка. Од друга страна, истражувањата сугерираат дека редовниот секс е добар за здравјето.

Студија објавена во „Европскиот журнал за превентивна кардиологија“ покажала дека сексуалниот однос приближно еднаш неделно е поврзан со 10 отсто помала смртност од срцеви болести и 44 отсто помала смртност од други причини. Редовниот секс може да помогне и во борбата против стресот, а претставува и форма на физичка активност, при што бројот на согорени калории зависи од позите.

Придобивки од апстиненцијата и статистика

Сепак, апстиненцијата има и свои добри страни. Пред сé, значително се намалува ризикот од заразување со сексуално преносливи болести. Одлуката за апстиненција може да биде и свесен избор, на пример, поради религиозни верувања или едноставно недостаток на интерес.

Според анкетата спроведена од ЈуГов, околу 30 отсто луѓе во Велика Британија се изјасниле како сексуално неактивни. Тој процент вклучувал околу 20 отсто лица на возраст меѓу 40 и 44 години и се искачил на 57 отсто кај луѓето над 74 години.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот