Лекарите предупредуваат: Ако ги „пукате“ прстите, можете да зажалите во староста

Фото: Профимедиа

Дали и вие имате навика да ги „пукате“ прстите? Иако за многумина тоа е извонредна антистрес терапија, лекарите предупредуваат дека таа може со текот на годините да си го земе данокот.

Ако сте навикнати да ги тегнете прстите за да го слушнете пукањето на зглобовите бидејќи тоа е вашиот механизам да се ослободите од стресот, време е да се ослободите од таа навика.

Првото прашање што се наметнува е зошто воопшто „пукаат“ прстите?

Нашите прсти се направени од коски меѓу кои има зглобни тела, лигаменти, фиброзни мембрани и зглобна маст наречена синовијална течност. За полесно да се движат прстите, во зглобовите освен сало се наоѓа и воздух.

Кога ќе дојде до поголема концентрација на воздух во зглобот, со нагла флексија на прстите се слуша карактеристичен звук.

Порано се мислеше дека честото „пукање“ може да предизвика појава на артритис или да ни се тресат рацете на старост.

Со новите радиолошки прегледи како магнетна резонанца или новиот 3Д рендген, утврдено е дека единственото нарушување може да биде истегнување на лигаментите.

Д-р Карл Крушелнички предупредува дека оваа навика во младоста може да резултира со ослабена моторика на рацете и намален стисок во подоцнежната животна возраст.

Луѓето кои редовно предизвикуваат „пукање“ на зглобовите може да изгубат до 75 отсто од стисокот или, како што покажува практиката, нема да можат така лесно да отвораат тегли на подоцнежна возраст.

Д-р Крушелнички се повикува на студија во која учествувале 300 испитаници, кои во текот на 35 години имале навика редовно да предизвикуваат „пукање“ на зглобовите.

– Иако некогаш се веруваше дека оваа навика може да предизвика артритис, тоа не е научно докажано – вели д-р Крушелнички.

– „Пукањето“ на зглобовите може да доведе до нивно благо отекување, но клучниот проблем што се јавува како последица на всушност 75 отсто е ослабениот стисок.

Овој експерт објаснува што се случува кога ќе го повлечете прстот за да го слушнете вашиот зглоб како пука:

– Тогаш се зголемува просторот меѓу коските, што влијае на лигаментите и создава вакуум. Но, ослободената енергија е само седум отсто од она што е потребно за да се оштети рскавицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот