Лејкерси прават мега тим, Ветбрук или Пол ќе бидат соиграчи  на Леброн

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Само што заврши сезоната во НБА лигата, екипата на ЛА Лејкерс уште сега ги започна подготовките на наредната и веќе се најавува потенцијална размена со која екипата би станала главен фаворит за титулата.

Лејкерси бараат трета ѕвезда која планираат да ја додаат на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а управата на клубот одлучи тоа да биде плејмејкер.
Прва желба на „езерцата“ е Демиен Лилард од Портланд треилблејзерс, но денеска се шпекулира и со уште две ол стар ѕвезди.
Засилувањето од минатата година, Денис Шрудер разочара со игрите, а откако ја одби понудата за нов договор од 78 милиони долари за четири сезони, јасно е дека неговите денови во Лос Анџелес се одбројани.
Според новинарот Марк Спирс, Лејкерси и Вашингтон визардс се договорија за „потпис и трејд“ а заедно со Шрудер во главниот град на САД би се преселиле и Кајл Кузма и Тајлен Хортон-Такер, додека нов играч на Лејкерси би станал Расел Вестбрук.

Сепак, генералниот менаџер на ЛА Лејкерс, Роб Пелинка не брза со реализација на размената бидејќи постои опција да го донесе и Крис Пол. Одличниот плејмејкер со Феникс санс загуби во големото финале, а има уште една година од договорот според кој треба да заработи 44 милиони долари. Но, Пол наводно е подготвен да се откаже од оваа сума доколку би потпишал тригодишен договор за најмалку 20 милиони долари по сезона.

Првата ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс е голем пријател со Пол и се очекува да има голема улога во убедувањето на плејмејкерот да пристигне во Лос Анџелес и тоа преку „потпис трејд“.

Лејкерси прават нов супер тим, Леброн го носи Лилард во Лос Анџелес

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот