Лејкерси прават нов супер тим, Леброн го носи Лилард во Лос Анџелес

EPA-EFE/STEVE DIPAOLA

Лос Анџелес лејкерс се наоѓа во завршни преговори со Портланд треилблејзерс околу можната размена во која Демиен Лилард би пристигнал во „градот на ангелите“.

Лејкерси во замена за Лилард ги нудат Кајл Кузма, Денис Шрудер и три избори од првата рунда на НБА драфтот во наредните четири години, а се подготвени да уфрлат уште некој кошаркар само за да дојдат до одличниот бек.

 

Демиен Лилард се смета за еден од најдобрите кошаркари на денешницата, но бидејќи Портланд не може да му го понуди тоа што го сака – борба за шампионскиот прстен, тој побара да биде разменет.
Доколку пристигне во Лос Анџелес, тогаш Лејкерси одново ќе имаат супер тим со Леброн Џејмс, Демиен Лилард и Ентони Дејвис и ќе станат инстант фаворити за освојување на титулата.

Покрај Лејкерс, интерес за услугите на Лилард пројавија уште и Њујорк никс и Голден Стејт вориорс.  
Медиумите во САД тврдат дека најупорни се токму Лејкерси, а и нивната понуда највеќе им одговара на челниците на Портланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот