Легендата Стив Неш нема дилеми: Јокиќ е МВП оваа година!

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) е голем фаворит според обложувалниците за МВП наградата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Доцна синоќа во НБА лигата составот на Денвер загуби на домашен терен од Бруклин со конечен резултат 119:125.

Најефикасни за Нетси беа Кевин Дурент кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 33 поени и 11 скока (седум асистенции) и Кајри Ирвинг со 31 кош и четири асистенции.

На спротивната страна за Нагетси повторно доминираше српскиот интернационалец Никола Јокиќ со 29 поени, седум скока и шест асистенции. Во Западната конференција Денвер е на четвртото место (44-24), а истиот скор го има и второпласираниот на Истокот, Бруклин.

Легендарниот кошаркарски стручњак, Стив Неш кој од клупата ја води екипата на Бруклин Нетс кој оваа година е сериозен кандидат за шампионската титула, имаше само пофални зборови за Јокиќ после мечот во Колорадо.

Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА нема дилеми кога е во прашање кој ќе ја добие наградата за МВП оваа година.

– Јокиќ е МВП оваа година. Игра на високо ниво, има континуитет, од почетокот до крајот, ги прави соиграчите подобри – вели Неш.

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот