24.8 C
Скопје

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Кошаркарот на Вашингтон, Расел Вестбрук продолжува да руши рекорди, тој имаше уште една одлична партија во синоќешната победа над Индијана после едно продолжение со 133:132 (124:124).

Членот на Визардси запиша 33 поени, 19 скока и 15 асистенции и така го комплетираше својот 181 „трипл-дабл“ учинок во кариерата.

Воедно го израмни рекордот на легендарниот Оскар Робертсон кој стои од 1974 година. На помалку од две минути до крајот на третата четвртина го оствари овој неверојатен подвиг.


Во триумфот над Пејсерси фантастичен беше и Бредли Бил кој забележа 50 поени, а на спротивната страна Литванецот Домантас Сабонис имаше 30 поени, по 13 скока и асистенции, а Карис Леверт додаде 36 коша.

НБА лига, резултати –

Индијана Пејсерс – Вашингтон Визардс 132:133 (по 1 продолжение)
Филаделфија Сиксерс – Детроит Пистонс 118:104
Торонто Репторс – Мемфис Гризлис 99:109
Денвер Нагетс – Бруклин Нетс 119:125
Голден Стејт Вориорс – Оклахома Сити Тандер 136:97
Портланд Трејл Блејзерс – Сан Антонио Спарс 124:102
Јута Џез – Хјустон Рокетс 124:116

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар