Легендарниот омот на „Бјело дугме“: Девојката со голите гради добила шлаканица од момчето (ФОТО)

Несекојдневниот омот за плочата на првиот студиски албум на групата „Бјело дугме“, Кад бих био бјело дугме, “во бивша Југославија привлекол големо внимание.

Сараевскиот сликар Драган Стефановиќ бил еден од првите дизајнери на омоти на просторите на поранешна Југославија. Првиот проект бил „озлоглосениот“ омот за првиот албум на популарната југословенска рок група.

Стефановиќ му бил пријател од детството на Горан Бреговиќ. На почетокот од седумдесеттите години го ангажирале групите „Амбасадори“ и „Индекси“, а подоцна станал познат по револуционерниот омот на кој има женски гради.

Instagram

 

Според приказните, постарите белграѓани масовно влегувале во белградската книжарница „Култура“ каде што се продавала плочата и негодувале кај продавачите со зборовите:

„Каква култура ви е ова во излогот?“

Прочитајте и...  Дали Илон Маск стана вториот најбогат човек во светот и го надмина Бил Гејтс?

Во неколку интервјуа Стефановиќ ја прераскажувал анегдотата за момчето на девојката од омотот, кој го бркал низ радио Сараево, а потоа го извадил надвор и го прашал дали ја познава неговата девојка и дали е вистина дека таа е на сликата. Бидејќи Стефановиќ му одговорил дека таа е на сликата, момчето ѝ удрило шлаканица, му се заблагодарило на Стефановиќ и си отишол.

Сеопштото лудило само го поттикнало Стефановиќ да продолжи со дизајнирање, па продолжил со соработка со Корни групата за албумот „Мртво море“.

Image result for mrtvo more korni grupa
принтскрин/Youtube

Стефановиќ бил доследен во еротизација на албумите работејќи ги во манир на поп арт или сликарски детали.

Голем успех постигнал и со вториот омот за „Бјело дугме“, „Шта би дао да си на мом месту“, на кој имало женски задник, додека омотот за „Битанга и принцеза“, кој требало да претставува удар на женска нога со штикла во меѓуножјето на маж во бело одело – бил цензуриран од страна на „Југотон“.

Прочитајте и...  Нови откритија во Помпеја: Најдени сочувани остатоци на двајца мажи, едниот бил роб, другиот од повисокиот сталеж
Instagram

Поврзани вести

ВИДЕО: Џенифер Лопез се соблече целосно гола

Слободен Печат

д-р Владимир Трајковски: Криопрезервација на јајце-клетки – вистинска одлука за иднината

Ј.К.Д

Меган Маркл: Војвотката од Сасекс со болка и тага раскажа дека претрпела спонтан абортус

Слободен Печат

Шкотска е првата земја во светот што ќе овозможи бесплатeн пристап до менструални производи

Слободен Печат

Ново истражување: Веганите имаат дури 43% поголем ризик од кршливост на коските

Слободен Печат

Никол Кидман: Велат дека осаменоста е тивок убиец. Не го кажуваат тоа без причина.

Слободен печат

Остави Коментар