ЛЕ, Бејтулаи: Шкендија знае како да игра на противничките терени!

фото: kfshkendija.com

Шкендија е подготвена за новиот европски натпревар, в четврток (27 август) со почеток од 18.00 часот ќе се обиде да оствари резултат која ќе го однесе во второто квалификациско кло на Лига Европа.

Тетовските „црвено-црни“ предводени од тренерот Ернест Ѓока во Азербејџан во првата елиминациска рунда од натпреварувањето ќе ги одмерат силите против Сумгајит.

На денешната прес конференција своите очекувања во пресрет на утрешниот дуел ги споделија тренерот Ѓока и капитенот на клубот Егзон Бејтулаи.

Мораме да бидеме внимателни, да успееме да постигнеме гол и бидеме што поблиску до целта. Шкендија секогаш практикува свој стил на игра и ќе се обиде тоа да го направи в четврток. Ги знаеме силните и слабите страни на ривалот. Предноста на Сумгајит е што игра на домашен терен, но верувам дека со искуството кое го има Шкендија од еврокуповите, многу сум уверен дека сме сериозно подготвени да ја поминеме оваа рунда – се зборовите на стратегот Ѓока.

Дојдовме тука да покажеме дека сме подобра екипа и се пласираме во следното коло. Противникот има свои квалитети, но верувам во моите соиграчи и мислам дека ќе оствариме позитивен резултат. Да, Сумгајит е домаќин, но Шкендија знае како да игра на противничките терени. Мораме да одиграме паметно и доколку бидеме на нашето ниво, верувам дека ќе се најдеме во следната рунда – вели македонскиот репрезентативец Бејтулаи.

„Гипсарите“ подготвени за европскиот предизвик (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот