„Гипсарите“ подготвени за европскиот предизвик (ВИДЕО)

фото: facebook.com/kfrenova/

И Ренова летово ќе го претставува македонскиот фудбал на меѓународната сцена, поточно во квалификациите на Лига Европа.

„Гипсарите“ в четврток (27 август) со почеток од 18.00 часот во Ерменија против Алашкерт ќе го играат натпреварот од првото квалификациско коло на ЛЕ.

Шефити: Одиме по добар резултат во Ерменија!

Играчите и стручниот штаб пред летот за Ереван се тестираа за Ковид-19 и сите резултати се покажаа негативни.

Во пресрет на овој европски предизвик играчите на тренерот Бујар Ислами во Првата лига го совладаа составот на Академија Пандев (2:0).

Покрај Ренова летово во квалификациите на ЛЕ в четврток ќе играат уште Шкупи и Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот