Лажни поштари мамат граѓани преку интернет, им бараат пари за пратки што не постојат

Пошта/ Фото: МИА

Измама со лажни поштенски пратки се шири на социјалните мрежи и на приватни електронски адреси, пишува ТВ21.

Во пораките се појавуваат информации за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својата пратка.

Од АД „Пошта на Северна Македонија“ информираат дека не стојат позади ова и станува збор за неовластено преставување во име на Пошта.

„Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својата пратка. АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување. Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи. Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта,“ стои во соопштението на АД „Пошта на Северна Македонија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот