Лавров за случајот со Навални: Нашите западни партнери ги минаа сите граници на здравиот разум

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во интервју за РТВ 1 изјави дека западните партнери на Русија ги преминале сите граници на здравиот разум во случајот со Алексеј Навални.

– Што се однесува до оваа состојба, како што гледам јас, нашите западни партнерите ги минаа сите граници на пристојност и на здрав разум, рече Лавров по повод „случајот Навални”, пренесе агенцијата Тасс.

Здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални продолжува да се подобрува, тој повеќе не е приклучен на респиратор и на кратко може да стане од кревет, соопшти денеска берлинската клиника „Шарите” каде што е сместен.

За време на летот од Томск кон Москва на 20 август, на Навални одеднаш му се слошило па авионот морала принудно да слета во Омск. Тој бил пренесен во болница, но набрзо потоа паднал во кома. Лекарите во сибирската болница соопштија дека кај Навални не се пронајдени знаци на труење.

На 22 август, Навалнио беше транспортиран со специјален германски авион од болницата во Омск во клиниката „Шарите” во Берлин по барање на неговата сопруга.

Германската Влада денеска соопшти дека две специјализирани лаборатории во Франција и во Шведска потврдиле дека Навални бил отруен од нервниот агенс „Новичок”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот