Ла Ниња се буди, Ел Нињо се губи – очекувајте временски шокови во следните три месеци

Светската метеоролошка организација (WMO) денеска предвиде дека ослабениот климатски феномен Ла Ниња би можел да влијае врз глобалните временски прилики во наредните три месеци.

Удар на ослабената Ла Ниња

Како што се наведува, иако Ла Ниња подразбира привремено намалување на температурата во централниот и источниот дел на Пацификот, се очекува во многу региони да биде забележано потопло време од вообичаеното, што ќе го зголеми ризикот од поплави и суши кои би можеле да остават последици врз посевите, пренесе Ројтерс.

WMO наведе дека постои 55 проценти веројатност од овој месец до февруари следната година да делува ослабениот феномен Ла Ниња.

Средината на ноември океанските и атмосферските индикатори укажувале на таков развој на приликите, се додава во соопштението.

Ел Нињо најверојатно нема да се појави

Метеоролозите додале дека веројатноста за неутрални временски услови од јануари до март следната година изнесува 65 проценти, а 75 проценти за периодот од февруари до април.

Светската метеоролошка организација исто така предвиде дека најверојатно нема да се појави природниот климатски феномен Ел Нињо, кој поттикнува тропски циклони во Пацифичкиот Океан и ги засилува дождовите што предизвикуваат поплави во делови од Америка и пошироко.

Сезонските прогнози и нивното влијание врз времето може да значат милиони долари заштеда за секторите земјоделство, здравство и сообраќај, додаде WMO, истакнувајќи дека со подготовките за предвидените временски прилики може да се спасат илјадници животи, пренесе Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот