Куп на Италија: Пандев, Елмас и Несторовски ги дознаа ривалите во осминафиналето

пандев
Горан Пандев со Џенова за четвртфинале ќе игра против Милан во италијанскиот Куп/Фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Тројца македонски фудбалери се борат сезонава (2021/2022) со своите клубови да стигнат до трофејот во Купот на Италија.

Бранителот на трофејот од ланската година Јувентус за ривал го има составот на Сампдорија и доколку „Старата дама“ триумфира во четвртфиналето ќе игра со подобриот од пресметката Сасуоло – Каљари.

Наполи на нашиот репрезентативец Елиф Елмас ќе ги одмери силите против Фиорентина, потоа Џенова на Горан Пандев ќе се сретне против Милан, а Удинезе на Илија Несторовски ќе игра против Лацио.

Куп на Италија
Сезона 2021/2022

Осминафинале, двојки –

Јувентус – Сампдорија
Сасуоло – Каљари

Фиорентина – Наполи
Венеција – Аталанта

Милан – Џенова
Лацио – Удинезе

Лече – Рома
Емполи – Интер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот