Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA
Кујтим Фејзулаи праќал пари на имам од Косово
И.И.
Пред
Терористот со потекло од Северна Македонија, Кујтим Фејзулаи кој на 2 ноември уби четири лица и повреди дваесет и две, а и самиот почина во судир со полицијата, собирал средства за имам во Косово, пренесува приштинскиот портал Репортери.
Овој радикален исламист, по потекло од Челопек близу Тетово, имал контакт со најмалку едно лице во Косово. Од разговорите со други екстремисти кои го познавале се дознава дека Фејзулаи давал пари, но тие не го откриваат името на имамот од Косово на кого му пристигнале парите.
Одговорноста за нападот на Фејзулаи ја презеде Исламската држава.
„ИнДокс“ посочува дека Фејзулаи патувал и во Косово и во Северна Македонија во последните неколку години и дека имал блиски контакти со радикалните исламисти во БиХ и Србија. Од разговорите со луѓето кои имале контакти со Фејзулаи, за кои „ИнДокс“ имал увид, може да се заклучи дека тој собирал пари од муслимански граѓани во Австрија за да им помогне на радикалните структури од Косово и Северна Македонија.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …