ФОТО: Ова се 15-те осомничени за терористичкиот напад во Виена, мрежата на ученикот на Неџад Балкан е откриена

Полијаци вршат претрес на осомничено лице по терорирстичкиот напад во центарот на Виена / 2 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот медиум ОЕ24, кој ги објави идентитетите на повеќето од  досегашните осомничени за терористичкиот напад во Виена предупредува дека мрежата е распространета низ цела Европа.

Осум од 15-те уапсени по терористичкиот напад во Виена веќе се осудени за разни кривични дела. Како што рече министерот за внатрешни работи Карл Нехамер на прес-конференција во средата, четворица од нив веќе биле осудени за терористички престапи, двајца биле осудени за разни насилни злосторства и двајца за обид за убиство во Линц.

Според генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руф, двајцата осудени за обид за убиство добиле долги затворски казни. Еден беше осуден на десет години затвор во 2012 година и ослободен во 2017 година. Другиот на пет години и шест месеци, а беше ослободен во 2015 година.

Сторителот на крвавиот терористички акт, Кујтим Фејзулаи според Нехамер, бил идентификуван за четири часа.

Кујтим Фејзулаи

„Благодарение на брзата идентификација и прецизната истражна работа, претресите во куќите беа брзо извршени истата вечер“, рече министерот.

Покрај Швајцарија, една од линиите на истрага „директно поврзана со сторителот“ води во друга земја. Во моментов таму во тек се води полициска истрага. Ова го изјавија министерот за внатрешни работи Карл Нехамер и генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руф, на прес-конференција во четвртокот.

Европол испрати двајца претставници како дополнително засилување на истрагата во Виена. Тие треба да им помогнат на локалните власти во меѓународната соработка.

Кујтим Фејзулаи во јули 2020 година со позајмен автомобил отишол во Братислава за да купи оружје. Соред „Зидојче цајтунг“ овој вид оружје беше користено и во терористичкиот напад во Франција во 2015 година.

Влатко Вучелиќ

Тогаш германските власти го уапсија и осудија црногорскиот државјанин Влатко Вучелиќ на четири години затвор бидејќи отишол во Париз со автомобил во кој биле скриени калашникови и експлозив, неколку дена пред терористички напади во францускиот главен град.

Париската адреса била внесена и во системот за навигација во автомобилот, на Вучелиќ, а тој имал белешка со себе, како и телефонски број во Франција од кој бил повикан на неговиот мобилен телефон по апсењето.

Во неговиот „фолксваген голф“ полицијата во Баварија открила осум калашникови, пиштоли, две рачни гранати и 200 грама експлозив ТНТ.

Презумпцијата на невиност се однесува на сите осомничени

Ова е мрежата на Кујтим Фејзулаи кој изучувал Такфир под менторство на Неџад Балкан уште од 2017 година.

Според досегашните информации двајца од осомничените имаат македонско потекло. Двајца се родени на Косово, двајца во Чеченија и еден осомничен потекнува од Бангладеш. Сите живееле во Виена во Сент Полтен и Модлиг, еден осомничен живеел во Линц.

Александар Р. (22)
Истаик А. (18)
Али К. (25)
Арџенд Г. (22)
Аријанит Ф. (21)
Арсун М. (23)
Бурак К. (22)
Еркан Б. (28)
Исмаил Б. (20)
Кујтим К. (16)
Мерт Ц. (23)
Узеир А. (19)

ВИДЕО+ФОТО: Стотици Австријци се собраа во центарот на Виена. Дупките од куршумите на Кујтим Фејзулаи се пополнети со цвеќиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот